fbpx
Конференции и семинари Награди и признанија

Бронзен партнер на Асоцијација за е-трговија на Македонија

Темата на овогодинешната конференција е „Бизнис раст со е-трговија“. Поттикната од потребите, предизвиците и целите на сегашните и идните е-трговци на пазарот, втората конференција за е-трговија ќе биде со фокус на бизнис растот, кој може да биде забрзан со соодветен менаџмент на е-трговијата како значаен канал за продажба. Главниот фокус ќе биде на „новиот потрошувач“ и последните алатки со кои се стигнува до тој потрошувач, а кои постојано се менуваат. Е-трговијата навистина може да биде главниот фактор за бизнис раст и може да ги достигне и надмине очекувањата на менаџерите, но само со вистинска реализација. Со ова на ум и со цел надминување на очекувањата на учесниците на конференцијата, можете да сметате на висококвалитен настан со домашни и странски говорници кои имаат огромно искуство во нивните домени. Агендата ќе биде поделена на презентации, панел дискусии, “fireside” разговори и други активности.

WordPress and WHMCS integration by i-Plugins