ЗОРА (ZORA)

1.800 ден

Дневникот за рецепти со етерични масла е одлично организиран дневник што ќе ги содржи сите ваши блендови за ароматерапија. Дизајниран специјално за корисници на етерични масла од еден вечен ентузијаст. Овој дневник нуди 5 делови со сепаратори за Дифузор блендови, рецепти за чистење на домот и трикови, комбинации за ролери, афирмации за поединечно масло, протокол и вашите белешки. Има многу простор за пишување детално, за секој сектор по 80 рецепти.
Естетиката и дизајнот овозможуваат да дневникот биде ваша приказна за уредно бележење на вашиот нов стандард на живот, новата димензија на вашиот дом и вашата нова верзија. Дневникот го поттикнува вашиот раст и развој преку природата и помага при организирање и складирање на вашите омилени дневни ритуали што ја хранат вашата душа.
Создаден со цел да сведочи на една поздрава, проактивна и продуктивна личност. Одраз на среќна исполнета жена која е лидер на својата фамилија и владее со својот дом.

Ова е уникатен избор за подарок на себе, на драга пријателка, член од фамилија или колешка која исто така ги обожава етеричните масла.

Категорија

Опис

Зора е божица на утрото и убавината. Таа е дел од тријадата на Деница и Вечерница. Зора се рекреира секое утро, излегува од океанот и лета по небото, најавувајќи го доаѓањето на Сонцето – за да им ја донесе на луѓето светлината на новиот ден.
Љубовта е симбол за божицата на зората. Еден од љубовниците на Зора е Титон, и до самиот крај живеела со него. Таа толку многу го сакала својот сопруг Титон што го замолила на Зевс да му даде бесмртност. Зевс и ја исполнил желбата но Зора заборавила да побара и вечна младост да ја придружува неговата бесмртност. Тој продолжил да старее и набрзо не можел ниту да се движи. На крај божицата го затворила во одаја, каде се исушил, станувајќи беспомошен старец. Од сожалување таа го претворила во бубачка.
Божицата имала два сина со Титон – Емација и Мемнон. Првиот син не постигнал голема слава, но затоа Мемнон беше еден од познатите херои на Тројанската војна. Тој загинал во дуел со грчкиот херој Ахил. По смртта на синот, неутешната Еос, во голема болка, пролеа солзи – кои секојдневно се појавуваат на земјата како роса.

Зора (Anthocharis cardamines) е пеперутка од видот белци, кој пак опфаќа над 1100 врсти на пеперутки. Кај мажјаците се забележува јасна портокалова нијанса, што е карактеристичо за оваа пеперуга. Мажјаците и женките живеат во различни предели. Мажјаците се наоѓаат покрај шуми, а женките во ливади.

Најпрво се започнува со јајце.Од јајце се претвара во ларва (гасеница).Потоа преминува во фаза на кокона или кукла. Во оваа фаза инсектот е обвиткан со oбвивка (кожурец) чија боја е идентична со бојата на растението на кое е прикачена. Пеперутката е заробена во кожурецот и се мачи. Но,ако отидеш да и помогнеш да излезе порано од што таа е спремна, ќе и ги повредиш крилата и таа ќе умре или никогаш нема да полета. Секој си има свој периодичен систем во кој фазата на бидување во меур е различна. Но, сите имаме крилја и ќе полетаме, само треба да веруваме на процесот. Меурот е привремено тука за да не заштити. Последната фаза е наречена фаза на возрасна пеперутка.