Новости

Членови на Асоцијација за е-трговија

На крајот од 2019 година, станавме членки на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Асоцијацијата има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија како и сите засегнати компании и организации, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово прошиурување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на индустријата. Преку најразлични активности како што се обуки и истражувања, лобирање и информирање асоцијацијата се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговијата во Македонија. Асоцијацијата беше основана во декември 2017 година и за само две години успеа да изгради партнерска соработка со сите засегнати страни од синџирот за е-трговија. Моментално брои речиси 80 компании кои станаа нејзини членови и поддржувачи.

Call Now Button