Првата годишна македонска конференција за е-Трговија имаше за цел да ги донесе на едно место клучните фигури во овој сектор за да се поврзат, состанат и да споделат знаења и искуства. Под насловот “е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија!” конференцијата опфати четири главни теми: Развој, Плаќања, Испорака и Маркетинг, организирани во 10 главни предавања и 3 интерактивни панел дискусии презентирани од повеќе од 30 македонски и меѓународни говорници.