Интервјуа

Нема поважна работа од онлајн присуство

Потребата од квалитетно хостинг решение е задолжително кога станува збор за водењето на професионален онлајн бизнис. На ова мислење е и Илија Серафимов, првиот човек зад Serafimov Group, компанија која постои 12 години, а исто толку време е и лојален корисник на услугите на МКхост.

Иако стартуваат само како една мала фирма за изработка на софтвери, денес Serafimov Group е развиена компанија која нуди целосни IT решенија. Нивната филозофија е во насока на помош на корисниците со развој на нови начини како уникатно да се пристапи кон сите предизвици и проблеми.

„Според мене, нема поважна работа од онлајн присуство. Со тоа, го правите целиот свет ваш потенцијален пазар. Постојано тоа им го објаснуваме нашите клиенти.“, вели Илија околу тоа зошто за еден бизнис е важно да биде присутен на интернет.

Квалитетот на услугата е еден од основните сегменти за еден бизнис да функционира нормално и професионално. Илија вели дека квалитетот има клучна улога.

„Во ова денешно брзо време на живеење и огромната желба на секого да ја живее иднината СЕГА, никој не толерира ништо помалку од квалитетна услуга.“

Токму на своите клиенти, Serafimov Group им го препорачува МКхост за решение за домен и хостинг.

„12 години сме со МКхост, од самиот почеток. На сите постојано ве препорачуваме, затоа што услугата и продуктот ви се како што треба. А со тоа, гратис ви одат прекрасната комуникација, постојаното разбирање и беспрекорната техничка поддршка.“

А, кога станува збор за техничка поддршка, дали и колку е важна за опстанок на онлајн бизнисите?

„Најмногу. Нема ништо по утешително, а истовремено и по охрабрувачко, од тоа да знаеш дека зад тебе стои техничка поддршка, како што треба.“

Плановите на Serafimov Group за во иднина се големи, а целиот нивен фокус е насочен онлајн.

„Буквално целиот развој за наредните години, ни е планиран да биде со помош на интернет. Сѐ што работиме и се што планираме да работиме, ни е поврзано со интернетот.“

Call Now Button