Новости

One Stop Digital Centar

Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора денеска ја промовираше дигиталната платформа за ММСП „ONE STOP DIGITAL“, наменета за микро, малите и средни препријатија, кои преку мобилна апликација ќе имаат брза и едноставна достапност на сите коморски услуги во интерес на деловниот амбиент.

ONE STOP DIGITAL CENTER е платформа односно алатка која е поддржана и овозможена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Идејата произлезе по контстатирање на потребата на компаниите на едно место да се инкорпорираат сите информации лесно достапни на веб-платформа и апликација на мобилни уреди. Тоа ќе претставува алатка за лесна комуникација и поврзаност која ќе дава, но и ќе разменува информации.

Илија Серафимов, преку фирмата „Серафимов Груп“ со финансиската подршка на ЕБОР ја изработи оваа платформата. Присутните компании преку презентација на платформата ги воведе во содржините и функционалноста на истата.